Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановецот Филип Наковски овој викенд стана државен првак во кик-бокс во категоријата до 89 килограми.
Тој оваа награда ја освои на државното првенство за сениори, кое беше одржано во Радишани Скопје, во организација на кик-бокс федерацијата на Македонија.
Ова е голем успех за нашиот клуб и град и се должи на напорни тренинзи, посветеност во спортот и дисциплина. Јас сум задоволен од постигнатиот успех и се надевам дека Филип ќе го повтори успехот од ова првенство, а можеби во иднина ќе учествува и на некое по реномирано балканско или европско првенство - изјави Сашо Илиевски, тренер во клубот Куманово 2006.
Наковски во финалето победи на поени, а оваа натпреварување беше одржано во дисциплините на татами. На шампионатот учество земаа 67 натпреварувачи од 15 клуба.