Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Децата од фудбалската школа на ФК Куманово родени во 2012 година ја освоија шампионската титула во Детската лига (ДЛ) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Во финалниот натревар против екипата на Скупи извојуваа победа на терените на тренинг центарот на ФФМ.
Истата генерација минатата година на овој турнир биле вицешампиони, а со право на учество се стекнуваат по успесите остварени во детската лига на Северен Регион.
Тренер на тимот е Исмет Зеќири, под негово раководство се бележи нагорен тренд во играта на генерација 2012.
Во рамки на финалниот турнир од ДЛ на ФФМ годинава учествуваа најуспешните 96 екипи од Македонија поделени во шест натпреварувачки категории (генерации од 2011 – 2016). Секоја категорија има свој шампион, согласно возраста.
Во годинешното издание на Детската лига на ФФМ, вкупно 149 клубови и 649 екипи со 10 илјади млади фудбалери имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.