×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фудбалерот Милош Станојковиќ без ангажман

    17.09.2013 09:28 | KumanovoNews

     Младиот и надежен фудбалер Милош Станојковиќ (19) од село Умин  Дол, кој досега играл за фудбалските клубови: “Чукарички“ од Белград, “Пирин“ од Бугарија, “Силекс“ од Кратово, “Мио Спорт“ од Куманово, во преговори е со скопски и струмички фудбалски клуб да ја продолжи кариерата.

    Фудбалерот Милош Станојковиќ без ангажман

    Станојковиќ веќе 10 години се занимава со фудбал, а последни 4 години и професионално. Средното училиште го завршил вонредно за да има време да тренира. Тој објаснува дека фудбалот бара посветеност, континуирана работа за да се постигне успех.

    Амбицијата ми е да продолжам професионално да се занимавам со фудбал. Сум учествувал на локални турнири кои биле организирани од различни клубови, сум добивал благодраници, пехари, медали. Овој спорт бара максимална посветеност. Екипно со клубовите сме имале многу први, втори, трети места. Во Македонија мислам дека има простор за младите таленти. Ако вредиш треба да се докажеш, да видат дека ќе придонесеш за клубот и дека го сакаш спортот - додава Станојковиќ.

    Младиот Милош сака да се промовира во границите на нашата земја, па и пошироко доколку му се пружи шанса.