×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Футсал екипата на „Перо Наков„ патува во Бразил

    20.12.2010 09:25 | KumanovoNews

     Екипата на Економското училиште „Перо Наков„ го освои годинешново државно првенство во мал фудбал и ќе ја претставува државата на светскиот средношколски шампионат во Бразил.

    Футсал екипата на „Перо Наков„ патува во Бразил

     Кумановските фудбалери во финалето го победија фискултурното училиште „Методија Антевски Брицо„ од Скопје со 3:1 и се закитија со титулата најдобрa средношколска екипа во мал фудбал во државата.

    Многу сум задоволен од постигнатото, бидејќи нашиот резултат е плод на две годишна работа со учениците кои заслужено го освоија државното првенство. Во текот на првенството покажавме суперипорност во однос на другите екипи и се надевам дека доколку заминеме во Бразил ќе бидеме достојни противници на останатите екипи од светот, а со тоа ќе го претставиме градот и државата во најдобро светло - вели професорот по физичко воспитување и тренер Младен Давидовиќ.

    Второто место на првенството го освои фискултурното училиште „Методија Антевски Брицо„ од Скопје, трети се „Арсение Јовков„ од Скопје, додека кумановските гимназијалци завршија како четврти.

    Давидовиќ ја истакна и одличната организација на домаќинот на првенството, гиманазијата „Гоце Делчев„, Општинскиот Сојуз на училишно спортови и локалната самоуправа.

    На второто првенство во мал фудбал учество зедоа шест екипи од Скопје, Кичево, Прилеп и Куманово. Првенството траеше три дена, а натпреварите се играа во Спортската сала.