Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово се во негатива од 9 поени против екипата на Галил Гилбоа.
Македонскиот претставник на завршницата на регионалното натпреварување одигра одлична прва четвртина каде што имаше негатива од три поени. Потоа екипата од Израел влезе во серија постигнувајки неколку тројки, а и лесни поени со фаул, по што имаа и дополнително слободно фрлање кои на среќа на Куманово не беа искористени.
Куманово мора да ја подобри играта во одбрана а проблем можат да бидат трите лични на Урош Луковиќ. Од друга страна центрите на тимот од Израел се релативно ниски, со 208 односно 206 центиметри и имаат по три фаула, па веројатно треба да очекуваме Куманово да нападне на центарската линија на Галил Гилбоа.
Најефикасен поединец Раким Сандерс со постигнати 12 поена, а кај Куманово Александар Костовски постигна 9 поена.