Гаревски освои сребро на државно првенство во триатлон
23.06.2014 07:54
| KumanovoNews
Лука Гаревски од Куманово, викендов во Дојран, освои сребрен медал на државно првенство во триатлон.
Гаревски беше втор во конкуренција на 60 натпреварувачи.
- Учествуваа натпреварувачи од Македонија, Словенија и САД. Во најпрестижната категорија елит сум второ место, односно освоив сребрен медал. Триатлонот е олимписки спорт. Делниците за нашето државно првенство се: 750 м пливање, 20 км возење велосипед и 5 км трчање - изјави Гаревски.
Натпреварувањето го организираше Триатлон федерација на Македонија под покровителство на општина Дојран и претседателот на државата.
Лука Гаревски на 19 јули ќе учествува на Европски куп во Женева, Швајцарија.

