×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Германија е нов светски шампион

    14.07.2014 10:33 | KumanovoNews

    Во финалето на Светското првенство во Бразил, Германија беше подобра од Аргентина по продолжетоци, и издвојуваше победа со 1:0.

    Германија е нов светски шампион

    Марио Геце во 113 минута успеја да се запише во листата на стрелците, и да ја донесе четвртата титула на Германија, прв после 1990 година кога против себе го имаше истиот ривал.

    Двајцата резервисти, Ширле и Геце успејаа да бидат поуспешни од одбраната на Аргентина и да го совладаат Серхио Ромеро кој имаше одличен натпревар до тој момент.

    Почетокот на натпреварот беше неизвесен за Ди Марија кој на крај воопшто не настапи на финалето. Шок за германците беше повредата на Сами Кедира, кој се повреди на загревањето, па на негово место мораше да игра Кристофер Крамер. Триесетина минути после почетокот на натпреварот, Крамер мораше да се пресели на клупата поради повреда.

    Иако Германија имаше иницијатива, аргентинците први ја затресоа мрежата на противникот, по што беше досудена офсајд ситуација.

    По тој гол, се чини дека Германија се консолидираше и ја зацврсни играта.

    Иако натпреварот беше тврд и се играше претпазливо, тој изобилуваше со акции и шанси за гол на двете страни. Панцирите беа поуспешни, одкако веројатно Германија ја имаше најдобрата клупа на овогодинешното првенство.

    Следното првенство се игра 2018 година во Русија.