Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипа од Гимназија “Гоце Делчев“ ќе се напреварува во мал фудбал на Гимназијада, која во мај ќе се оддржи во Охрид.
На општинско ниво годинава тие имаа убедлива победа против екипите на “Киро Бурназ“ и “Перо Наков“.
Го поминавме и зонското натпреварување кое се оддржа во Куманово со победа 6:2 со училиште од Кратово, а на 17 беше меѓузонско натпреварување во Велес каде фудбалерите од Македонска Каменица ги победивме со 1:0 со што си обезбедивме учество на Гимназијада - вели Бојан Стојковиќ, фудбалер.
На Гимназијадата ќе се натпреваруваат ученици во машка и женска конкуренција во повеќе спортски дисциплини.
Во Охрид гимназијаците очекуваат успех и за себе велат дека се фаворити.