×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем триумф на Македонија против Германија

    01.04.2021 07:26 | KumanovoNews

     Фудбалската репрезентација на Македонија, оствари спектакуларна победа, откако на гостувањето во Дуизбург ја совлада Германија со 2:1 во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.

    Голем триумф на Македонија против Германија

    Нашите репрезентативци одигра одличен натпревар и со головите на Пандев и Еламс ја шокираа Германија на нивен терен.

    Фудбалска јавност е изненадена од овој несекојдневен подвиг, кој покажа дека имаме одлична генерација на фудбалери предводени од Горан Пандев.

    Токму лидерот на оваа репрезентација го постигна првиот гол пред крајот на првото полувреме, па Македонија на полувреме замина со гол предност.

    Во 63.минута од натпреварот беше досуден сомнителен пенал за Германија, по што Гундоган го изедначи резултатот. Меѓутоа тоа не влијаеше врз самодовербата на нашиот тим, кој играше одлично во одбрана, и постојано со брзи комбинации претеше на противникот. Во 77.минута судиите не досудија чист пенал за Македонија одкако Џан со рака ја сопре топката која одеше директно во голот.

    Правдата беше задоволена 8 минути подоцна кога по одлична акција Адеми го пронајде Елмас кој во голем стил го постави конечниот резултат од 1:2.

    По овој триумф честитки пристигнуваат од сите страни. Бастијан Швајнштагер ја честиташе победата преку Твитер, легендарниот Гери Линекер кој изјави дека фудбалот е игра која се игра 90 минути и на крајот победува Германија во чудо прокоментира дека Германија загуби од Македонија, балканските медиуми одаваат максимална почит на оваа репрезентација.

    За да тежината на оваа победа биде поголема, Германија нема загубено на кваилфикациски натпревар за светско првенство од 2001 година, кога последен пат загубиле од Англија.

    Секако дека на крај победата беше прославена со наши иселеници кои живеат околу Дуисбург, кои дојдоа да ги поздрават хероите на денот.

    Фото: ffm.mk