Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонските ракометари обезбедиja пласман во втората фаза од ЕП во Србија.Со резултат 27:21 Македонија ја совладаа Чешка.
Во салата „Чаир“ во Ниш, пред повеќе од 4.000 навивачи, Македонија извојува победа во клучниот натпревар за пласман во финалната фаза во Белград.
Најуспешни беа капитенот Кирил Лазаров кој постигна седум и Филип Миркуловски со пет погодоци. Разврската беше во второто полувреме, кога Чесите паднаа во играта, а македонските ракометари ја искористи предноста и стигна до посакуваната победа.
Првиот дел заврши нерешено, а во вториот дел со играта на Лазаров и Миркуловски се направи разлика во резултатот и на крајот сосема заслужено се извојува победата.
Големата победа кумановци излегоа да ја прослават на улиците, со вклучени сирени и развиорени знамиња.