×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горан Пандев си замина од Лацио

    24.12.2009 12:46 | KumanovoNews

    Македонскиот фудбалер Горан Пандев го раскина договорот со италијанскиот клуб Лацио и од денеска е слободен играч. Судот во Рим се изјасни во негова полза и конечно тука завршува судскиот спор кој се водеше подолго време.

    Горан Пандев си замина од Лацио

    Матијас Грасани, адвокатот на Пандев изјави дека овој фудбалски клуб треба да исплати 160.000 евра како компензација за правните трошоци.

    Одлуката за раскинување на договорот ќе стапи на сила веднаш и Пандев ќе може да бара нов клуб. Засега  најголема заинтересираност покажуваат Интер, Милан, Јувентус, Манчестер Сити, Зенит, Ливерпул и Рома.