Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот тенисер Димитар Грабул успеа да избори пласман во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Хajст, Белгија.
Тој претпладнево во меч од 2.коло го победи квалификантот Максим Бракман од Белгија со 7:6 (8:6) и 7:5 и во следното коло ќе игра со Маркос Гиралди Рекуена од Шпанија, кој има 19 години и се наоѓа на 844.место на АТП листата.
Грабул во неизвесен меч првиот сет го реши во тај брекот и двајцата тенисери во овој сет освоија по три гема на сервис на противникот. Во вториот сет, македонскиот тенисер имаше еден брејк повеќе или вкупно пет. Грабул освои вкупно 95 поени, а Бракман 83.
Со новиот пласман во четвртфиналето Грабул, кој е 8.носител на турнирот ќе освои нови