Мени

Гус Хидинк нов селектор на Турција

17.02.2010 13:56 | KumanovoNews

Холанѓанецот Гус Хидинк потпиша двегодишен договор со фудбалскиот сојуз на Турција со можност за продолжување на уште 2 години. На клупата на Турција ќе го замени Фатих Терим кој поднесе оставка одкако не успеа да ја одведе екипата на Мундиалот во Јужна Африка.

Гус Хидинк нов селектор на Турција

Хидинк е актуелен селектор на Русија, а договорот му истекува на 30 јуни. Тој ја предводеше Русија до полуфинале на Европското првенство 2008 година, но таа екипа не успеа да обезбеди пласман на светското првенство во Јужна Африка. Хидинк до сега ги предводеше селекциите на Холандија, Јужна Кореја, Австралија како и на ПСВ Ајнховен, Реал Мадрид и Челзи.