Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Грен Слемот во Лондон се случи уште едно големо изненадување, откако бранителот на трофејот Рожер Федерер (Швајцарија) доживеа елиминација уште во 2.коло.
Швајцарецот кој е седумкратен победник на Вимблдон загуби од Украинецот Сергеј Страховски (116 на АТП) со 3:1 (6:7, 7:6, 7:5 и 7:6).
За Федерер ова е прва елиминација од еден Грен Слем пред четвртфинале уште од далечната 2004 година. Оттогаш па се до синоќа швајцарскиот тенисер имаше 36 последователни четвртфиналиња на големите турнири.
Вчерашниот ден на Вимблдон ќе биде запаметен и по елиминацијата на Марија Шарапова од квалификантката Де Брито, како и по откажувањето на повеќе натпреварувачи во машка и женска конкуренција поради повреди.