Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одбојкарскиот клуб Куманово извојува победа на стартот на новата сезона во сениорска конкуренција – мажи.
Совладана е екипата на Мавис Штип со 3-1 во сетови. Oколу 100 гледачи во салата на СЕУ Перо Наков просленија интересен меч во кој одбојкарите на ОК Куманово покажаа солидна партија во први 2 сета, решавајќи ги во своја корист без поголеми проблеми и осцилации. На почетокот на 3тиот сет, дојде до повреда на либерото на Куманово, што отвори голема празнина во приемот и игра во одбраната. Екипата на Мавис ја искористи оваа слабост да слави во 3.сет. Во меѓувреме одбојкарите ги консолидираа своите редови, и без еден од клучните играчи успејаа да го освојат 4.сет и да ја остварат првата победа во новото првенство.
Следното коло ОК Куманово гостува на актуелниот шампион ОК Шкендија од Тетово.