Игор Михајловски е нов тренер на Работнички
04.02.2022 12:08
| Стефан Николиќ
Кумановецот Игор Михајловски ќе го замени Тони Симиќ на тренерската позиција во тимот на Работнички.

Ова не е прва соработка на Михајловски со Работнички. Пред неколку сезони кумановскиот тренер беше дел од стручниот тим на Марин Докузовски како помошен тренер, а како играч има настапувано во периодот од 1996 -1999 година.
Своето деби на клупата на најтрофејниот домашен клуб, Михајловски ќе го има против тимот на Гостивар. Од тимот најавуваат консолидација на играчкиот кадар и решавање на проблемите, со што тимот ќе биде конкурентен за највисок пласман.