×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Играч на Бал фор Лајф на список на Македонската кошаркарска репрезентација

    16.05.2017 11:29 | KumanovoNews

    Крилниот кошаркар на Бал фор Лајф, Филип Стојановски се најде на проширениот список на кошаркари кои се повикани да ги започнат подготовките за репрезентацијата до 20 години.

    Играч на Бал фор Лајф на список на Македонската кошаркарска репрезентација

    Денеска на сајтот на МКФ беа објавени играчите кои ги поминаа првите селективни тренинзи а во М20 репрезентацијата се повикани 23 кошаркари. Стојановски е единственитот играч од Куманово. Подготовките ќе започнат на 6.јуни а Европското првенство (Дивизија Б) ќе се одржи од 14.до 23.јули во Орадеа, Романија.

    Младите таленти на Бал фор Лајф го поминаа првиот селективен круг за упис на Спортската академија за учебната 2017/2018. Марио Јовановски кој оваа сезона ја помина тренирајки со сениорскиот тим обезбеди место помеѓу учениците кои треба да се запишат во Прва година во машка конкуренција, додека помеѓу кошаркарките Роберта Антовска и Ана Николовска се наоѓаат помеѓу петнаесетте ученички кои можат да се запишат на Спортската академија. Вториот круг на селекција за упис ќе се одржи во недела на 21.мај со почеток во 11 часот.

    Од клубот на својот веб сајт напишаа дека освен за играчите, ова е и големо признание за клубот.

    По завршувањето на дебитантската сезона кошаркарите на Бал фор лајф постигнаа успех и на идивидуално поле, што го покажува потенцијалот на Бал фор Лајф како кошаркарски клуб. Бал фор Лајф е горд на своите играчи, им посакуваме среќа и успех во понатамошните тренинзи и настапи, а ние сме сигурни дека тие ќе го дадат својот максимум, како и во текот на целата сезона - стои во текстот на официјалната страна на Бал фор Лајф.