Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на турнирот Индијан Велс, откако го совлада Бугаринот Григор Димитров со 2:0 во сетови, 7:6, 6:1.
Бугаринот прикажа одлична игра каде имаше и можност да го добие првиот сет, но најдобриот тенисер во светот успеја да ги превземе работите во свои раце и на најдобар можен начин да излезе како победник на овој дуел.
Во осминафиналето Ѓоковиќ силите ќе ги одмери со Сем Квери.
Од останатите фаворити, Дел Потро триумфираше над Пау со 2:0 во сетови, додека идентична победа забележа и Енди Мареј над Лу со 2:0.