Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Италијанскиот гигант беше убедливо поразен на гостувањето кај Тотнем со 3:0. Германскиот Штутгарт беше немоќен пред своите навивачи во дуелот против италијанскиот Лациo.
Најубедлива победа на синоќа одиграните први натпревари од осминафиналето во фудбалската Лига Европа оствари Тотнем со триумфот над Интер со 3:0. Головите за англискиот претставник ги постигнаа: Герет Бејл во 6.минута, Гулфи Сигурдсон во 16.минута и Јан Фертонген во 53.минута. Вториот претставник од Англија, актуелниот европски првак Челзи загуби на гостувањето во Букурешт од Стеауа со 1:0.
Единствениот преостанат германски претставник во оваа фаза од натпреварување, Штутгарт загуби на домашен терен од италијанскиот Лацио со 0:2. На Лацио му оди одлично во дуелите со германските екипи сезонава. Во претходната рунда, тимот од италијанската престолнина ја елиминираше и Борусија Менхенгладбах.
На останатите натпревари од оваа фаза во ЛЕ беа постигнати следниве резултати:
Базел - Зенит 2:0, Бенфика - Бордо 1:0, Викторија Плзен - Фенербахче 0:1, Анжи - Њукасл 0:0 и Леванте - Рубин Казањ 0:0. Реванш натпреварите се играат на 14.март (четврток).