Јанески го продолжи договорот со Куманово
30.08.2016 10:41
| KumanovoNews
Крилниот центар со најдолг стаж во екипата, Марјан Јанески ќе игра за Куманово и следната сезона.

Тој пристигна во клубот 2011 година, а последните две сезони се наоѓа и на репрезентативниот список. Негова главна карактеристика е цврстата игра под обрачите, како и шутот за 3 поени.
Според неофицијални информации, Куманово тимот ќе го состави главно со домашни кошаркари, додека странските засилувања би требало да пристигнат кон средина на сезоната.