Јелесиевиќ ќе замине во Работнички, ако го пушти Куманово
13.01.2012 16:23
| KumanovoNews
Информацијата што денеска беше пласирана во некои медиуми дека српскиот кошаркар Немања Јелесијевиќ, кој настапува за Куманово, ќе стане нов играч на Работнички, е новост за раководството во КК Куманово.
Од клубот велат дека првпат слушаат за оваа информација и дека Јелесиевиќ има потпишано едногодишен договор со КК Куманово и истиот е нивен член додека управата не одлучи поинаку.
Во првиот дел од сезоната, Јанаиевиќ беше прв стрелец на Куманово со просек од 17 поени и нешто повеќе од шест скока по меч. Тој требало да биде замена за Јовановиќ во Работнички, кој на почетокот на оваа година ја раскинал соработката со клубот од „Градски парк“.

