Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години попладнево со почеток од 18:45 часот, во Струмица ги продолжува натпреварите на ЕП - Б дивизија.
Прв противник во втората фаза од натпреварувањето ни е Естонија, селекција која беше првопласирана во Б групата.
Избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ ќе имаат тешка задача да изборат победа, која ќе ги зголеми шансите за полуфиналето. На вториот натпревар од 21 часот во Е групата играат: Полска и Холандија.
Во групата Ф двојките се: Израел - Белгија и Шведска - Црна Гора.
За втората фаза се пренесуваат резултатите од групите од првата фаза од меѓусебните дуели, па табелите го имаат следниот изглед:Е група: Холандија 1-0 (победи - порази), Полска 1-0, Македонија, Естонија.Ф група: Црна Гора 1-0, Израел 1-0, Шведска 0-1, Белгија 0-1.