Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометниот клуб на Карпош - Вардар започна со натпреварување во првенството во кое учествуваат сите академии на РК Вардар.
Женската екипа со ракометарки родени 2000 година и помали одиграа натпревар во Прилеп каде што беа подобри од екипата на Будимир со резултат 18:8. Машката екипа родени 2004 година и помали извојуваа победа против истата екипа со резултат 8:7 само што натпреварот се одигра во Кавадарци.
Во лигата на Вардар има доста квалитетни екипи. Во сите категории вкупниот број изнесува околу 50 тимови. Ние со женската екипа ќе одиграме десет кола, додека машката екипа ќе игра девет кола плус плеј-оф. Ова е систем во кој децата ќе напредуваат, а нашата академија тоа го овозможува - изјави Миодраг Јовановски Црни, тренер во клубот.