Кире Лазаров играч во идеалниот екс-ју тим
Според порталот специјализиран за ракометни вести Балкан Хандбол, македонскиот репрезентативец Кире Лазаров го одбраа за идеалниот тим на играчи на поранешните екс-ју простори кои ќе учествуваат на овогодинешното Европско првенство во Данска.

Во идеалниот состав од поранешните Југословенски простори освен претставникот од Македонија, Кире на позицијата десен бек, избрани се и двајца српски репрезентативци и четворица хрвати.
Идеалниот тим според Балкан Хандбол изгледа вака:
Голман- Дарко Станиќ (Србија), Лево крило-Мануел Штрлек (Хрватска), Лев бек- Момир Илиќ (Србија), Среден Бек- Домагој Дувњак (Хрватска), Десен бек- Кире Лазаров (Македонија), Десно крило- Иван Чупиќ (Хрватска), Пикер- Игор Вори (Хрватска)