Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот капитен на машката ракометна репрезентација, Кире Лазаров наградата за "Оскар 2013" како најдобар спортист за изминатата 2013 година ја доби од сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.
Кире Лазаров по втор пат се закити со оваа титула која претходно ја имаше добиено во 2010 година.
Билјана Црвенковска македонскиот репрезентативец и ракометарка на ЖРК Вардар ја доби наградата за Најдобар спортист во 2013 година во женска конкуренција.
Титулата "Најмлад спортист за 2013" ја доби каратистот Берат Јакупи, а наградата за "Најдобра млада спортистка" и припадна на тенисерката Лина Ѓорческа.
Наградата за "Најдобар спортист" помеѓу лицата со инвалидитет отиде во рацета на Андреј Стојковски кој освои четврто место во пливање на Олимписките игри за лица со оштетен слух.