Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово реагираше на информацијата дека Адам Мекиќ и Филип Думиќ преоѓаат во Кожув, а Бане Ѓекиќ дека сезоната ќе ја заврши во Фени Индустри.
Од клубот преку соопштение изјавија дека се изненадени што се отпишани од можноста да учествуваат во Супер-лигата, како и тоа дека овие информации се пласирани намерно пред одлучувачките натпревари кои ќе дадат целосна разврска во регуларниот дел од сезоната.
Соопштението го пренесуваме во целост:
“КК Куманово како клуб со голема традиција на Македонската и регионалната кошаркарска сцена е шокиран од наводите на поедини портали во врска со заминување на нашите играчи во други клубови од нашата лига.
Ние најостро ги демантираме овие информации и ги отфрламе како невистинити. Клубот смета на сите играчи од ростерот, не само во трите преостанати натпревари, туку и до крајот на тековната сезона. Исто така сме изненадени од наводите дека клубот нема шанси за 6-то место кое обезбедува продолжување на натпреварувањето во Суперлига. Не сакаме да веруваме дека сите овие информации се пласирани намерно пред одлучувачките натпревари за влез во Суперлигата, туку дека се производ на неинформираност на поединци, кои што во иднина би требало да ги проверат информациите директно во клубот, кој што секогаш бил подготвен да ја информира кошаркарската јавност најтранспаретно за случувањата во клубот.”
Спортски поздрав,
КК Куманово