КК Куманово го забележа првиот пораз од екипата на Работнички
Кумановските кошаркари, во рамките на Првата машка лига, во третото коло од натпреварот против Работнички, го забележаа првиот пораз, со резултат 72:70.

Иако во првото полувреме од натпреварот и двете екипи забележуваа само по еден бод разлика, сепак во второто полувреме кога на крајот одлучувачкиот потез беше на Марковски за три поени, тој промаши.
Работнички, успеа со тесна победа да забележи пораз за КК Куманово.
Воедно, на крајот на првото полувреме од натпреварот, претседателот на клубот Александар Крстевски им додели благодарници на кошаркарите Милорад Ивановски, Душко Ивановски и Миле Трајковски, со што се покажа дека не ги забораваат некогашните најдобри кошаркари.