Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово на социјалните мрежи објави соопштение во кое ги објаснува причина за напуштање на регионално натпреварување во БИБЛ лигата. Како главни ги наведуваат тендециозното судење и некоректно однесување на одредени поединци.
Клубот демантира дека има неизмирени долгови кон натпреварувањето и официјалните лица. Куманово во БИБЛ лигата одигра два натпревари на домашен терен против Академија ФМП и Галил Елион, и двата ги загуби.
Сепак во соопштението индиректно се признава дека во клубот постојат финансиски проблеми. Нови приоритети за клубот е исплата на играчкиот кадар, целосен фокус на домашното првенство а се работи на нов четворогодишен план за развој на клубот.
Соопштението го пренесуваме во целост:
Како кошаркарски тим со огрoмна традиција и реноме, КК Куманово 2009 мораше да реагира преку соопштение и демант за сите невистини и обвинувања затоа што се пишуваше изминатите денови во медиумите и да се обрати на јавноста по повод обвинувањата на челниците на Балканската Регионална Лига или поточно БИБЛ лига со цел да се нанесе штета и да се наруши угледот на нашиот тим кој е граден со години нананзад.
Ние како управа на оваа екипа уште еднаш демантираме дека КК Куманово во изминатиот период откако настапува во БИБЛ лигата има било каква обврска по основ на неизмирени долгови спрема оваа натпреварување, неисплатени обврски по основ на хотелско сместување или транспорт или пак неизмирени долгови по основ на судиска или делегатска такса.
Лигата ја напуштивме пред се поради тендециозното судење и некоректно однесување на одредени поединци.
Раководство на клубот, исто така сметаше дека мора да се направат приоритети и финансиската состојба во клубот полека да се стабилизира.
Согласно со тоа, прв приоритет на нашиот тим ни се редовните обврски кон постоечкиот играчки кадар, стручен штаб како и кон матичната кошаркарска федерација и други субјекти поврзани со патувања и сместување во домашниот шампионат.
Со оваа одлука да не бидеме веќе дел од БИБЛ лигата создаваме услови за целосно посветување на натпреварувањето во Првата македонска кошаркарска лига, во која амбициите ни остануваат исти, а тоа е пласман во Супер лигата, но со напомена дека ќе се даде акцент на млади домашни играчи кои се веќе дел од нашиот тим во оваа сезона и засилување со кошаркари кои ќе се надополнат постоечкиот играчки кадар.
Исто така се работи на изготвување на четиригодишен план за спортски и финансиски развој на клубот.
Воедно ја замолуваме публиката кој е нашиот шести играч одсекогаш на разбирање и бараме поддршка во наредниот период полека да се консолидираме и заедно да се вратиме на победничките патеки.
Со почит
Кошаркарски Клуб Куманово 2009