Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово во неизвесна завршница успејаа да го совладаат тимот на Торус СЦБТ. Двата поена на Микиќ во последните секунди од мечот и донесоа битна победа на кумановчани, која можеби ќе бидне клучна за понатамошниот пласман.
Почетокот на мечот не наговестуваше дека ќе има ваква завршница. Куманово на три минути пред крај на мечот губеше 17 поени разлика. Повторно се случи лоша прва четвртина на тимот, на кој му треба доста време за да ја пронајде својата игра. Влегувањето во игра на Марјан Младеновиќ и новото засилување Марјан Јаневски беше клучно за разигрувањето на тимот, и намалување на огромната разлика на гостите.
Втората четвртина започна слично како првата, меѓутоа гостите од Скопје имаа пад во играта кој беше искористен од страна на Куманово и успеја да стине на 4 поени разлика.
Натпреварот продолжи во ист ритам, иако Торус полека правеше разлика која кон почетокот на последниот период изнесуваше и 10 поени разлика. Куманово ја топеше полека разликата а Александар Костовски ја презема работата во свои раце, и со две „тројки“ успеја да ја намали разликата на 1 поен.
Микиќ ги постигна последните 4 поена, од кои последниот на резултат 86:87, на 3 секунди до крајот, при што следуваше големо славје во Спортската сала.
Најефикасни поединци беа Милан Јанушевиќ со 18 поени и Немања Јелисијевиќ со 17 поени.
Кај Торус СЦБТ, Бојан Трајковски и Димитар Караџовски постигнаа 25 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра против Лирија на гостински терен.