Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово го доживејаа и вториот пораз оваа сезона. Екипата на Кожув ја искористи предноста на домашен терен и победи со резултат 95:84.
Екипата на Кожув имаше водство во текот на целиот натпревар, и успеја тоа да го искористи и да ја забележи првата победа во новата сезона. Очигледно дека нешто не функционира во составот на Куманово, па и во третиот натпревар статистиката покажува дека кумановчани имаат само три стабилни играчи во ротација. По овој пораз крајно време е управата и стручниот штаб да интрвенираат доколку сакаат да се пласираат во Супер-лигата.
На натпреварот најуспешни беа: Милан Јанушевиќ со 26 поени, Немања Јелисијевиќ со 19 и Дејан Микиќ со 20 поени. Тие беа повторно единствените разиграни играчи во составот на Куманово. Дарко Матиќ кој минатата сезона заврши како најдобар стрелец во екипата постигна само 5 поени, и дефинитивно не се снаоѓа најдобро во составот на Луковиќ. Младеновиќ (7), Калов (5) и Виларов (2) го надополнуваат сивилото на Куманово.
Во победничкиот состав Бојан Томашевиќ е најефикасен со 24 поени, а подршка имаше до Петковиќ(21), Вулиќ(18) и Буха(11).
Наредниот натпревар Куманово го игра во среда на домашен терен, против најтрофејниот македонски клуб Работнички од Скопје.