Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тимот на КК Куманово се огласи по повод заминувањето на нивниот центар Жарко Ракочевиќ, наведувајки дека црногорскиот центар подолго време го подготвува своето заминување од клубот.
Спортскиот директор Младен Давидовиќ изјави дека главна причина за заминувањето на Ракочевиќ се повисоките понуди кои ги има добиено од Австрија и Венецуела.
Тој ги изигра првите неколку кола на високо ниво по што стигнаа и понудите створија нервоза кај него. Прв пат побара да си замине уште кога Тодоровиќ беше тренер, па остана со цел да го изиграме Купот. На натпреварот со Кожув изигра под неговите можности поради тоа влезе во конфликт со Србиновски - изјави Младен Давидовиќ.
КК Куманово сега договара оштета со Ракочевиќ а на негово место се враќа Игор Бјелиќ.
Бјелиќ се опоравува од повредата меѓутоа е тука во Куманово. За околу 20 дена ќе може да биде на располагање на тренерот Србиновски - додаде Давидовиќ.