Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одкако не добија повик за учество во АБА лигата, кошаркарскиот клуб Куманово реши да го прифати повикот за настап во регионалната БИБЛ лига.
Куманово се враќа во оваа натпреварување по пауза од една сезона, кога решија да се приклучат кон Европкупот на ФИБА. Најдобар успех го забележа во сезоната 2012/2013 кога стигнаа до полуфинале и загубија од израелскиот Галил Гилбоа.
Сега единствен проблем за Куманово останува составување на екипата, во која досега членови се тренерот Марјан Србиновски и крилниот центар Марјан Јаневски. Учеството на Куманово во БИБЛ лигата ќе го направи поконкурентно на кошаркарскиот пазар кога се во прашање засилувањата на клубот.
Покрај Куманово во БИБЛ ќе настапува и тимот на Карпош Соколи.