КК Куманово утре ја пречекува Кавала
26.02.2013 11:45
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре во 19 часот играат нов натпревар од Топ 6 фазата каде ќе се сретнат со екипата на Кавала од Грција.
Левски е лидер на табелата со 10 бода и четири победени натпревари и два пораза. Со девет бода односно три победи и три пораза се наоѓаат четири екипи, Рилски Спортист, Галил Гилбоа, Куманово и утрешниот противник Кавала. Не заостанува ни екипата на Теодо која има осум бода и скор од 2 победи и четири порази.
Веројатно после оваа коло ќе се издвојат екипите во оваа група кои ќе се борат за највисок пласман.
Куманово имаше добар натпревар против Работнички, во сабота играат повторно на домашен терен па заедно со овој натпревар ќе се обидат да ја покажат својата доминантност и непобедливост на домашен терен.

