КК Куманово во криза - единствена екипа без победа во Супер-лига
Кошаркарите на Куманово се единствената екипа која не забележала победа по четвртото коло во кошаркарската Супер лига. Куманово овој пат доживеа пораз од Лирија со резултат 85:78.

Во резултатски неизвесниот меч, Лирија беше екипата која беше поумешна и успеја да издвојува победа. На почетокот од мечот Куманово ја имаше резултатската предност која достигна максимални 9 поени разлика. Лирија имаше одлична трета четвртина и создаде недостижна предност за Куманово и ја забележа првата победа оваа сезона во Супер лигата.
Диме Тасовски со 28 поени и 9 скокови беше најефикасен кај Лирија, а по 15 поени додадоа и Симиќ и Радуновиќ. Кај Куманово, Урош Луковиќ постигна 16 поени и додаде 17 скокови. Костоски го заврши мечот со 18 поени.
Својата прва победа Куманово ќе ја бара во среда против екипата на Работнички, во Спортската сала во Куманово.