КК Куманово загуби од Приштиниа
22.01.2014 18:05
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето во Приштина со резултат 75:60.

Тимот на Куманово имаше лошо отварање на натпреварот и веќе по првите пет минути имаше двоцифрена негатива. Сигал од Приштина водеше во текот на целиот натпревар, а високото темпо запре на крајот на третиот период кога кумановчани губеа 30 поени разлика. Во последниот период од натпреварот Куманово ја намали големата разлика, по што натпреварот заврши со резултат 75:60.
Најефкасен на натпреварот беше Џонс со 16 поени, а во Куманово Мандиќ и Паран постигнаа 13 поени.