Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Bet At Home еден од спонзорите на EHF Champions League веќе трета сезона го организира изборот за најдобра млада ракометарка во лигата на шампионите.
Номинирани беа 10 ракометарки меѓу кои се наоѓа и Андреа Кликовар, ракометарката на СБТЦ Вардар.
Во изборот учествуваат и Катарина Јежиќ, Соња Фреј, Тамара Мавсар, Фие Волер, Нора Мерк, Луис Санд, Дорина Корсос, Жанет Кристиансен и Трине Остергард.
Фановите може да гласаат на маилот [email protected] на кој ќе го пратат името на ракометарката за која ќе го дадат својот глас.
Гласањето ќе трае до 25 април, а најсреќниот фан ЕХФ одлучи да го награди со вип влезница за првиот фајнал фор турнир во Будимпешта.
Минатогодишен победник на изборот за најдобра ракометарка беше Анико Ковачиќ од екипата на Ѓер Ауди Ето.