×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Клучен меч на Куманово против Кожув

    22.01.2016 12:13 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово утре и гостуваат на екипата на Кожув. Овој меч е еден од најбитните за Куманово и неговиот исход сигурно дека ќе има влијание врз понатамошниот тек на сезоната.

    Клучен меч на Куманово против Кожув

    Екипата на Кожув беше единствената екипа покрај Куманово која беше активна за време на зимската пауза. Во тимот пристигнаа репрезентативецот Стојан Ѓуровски кој дојде од Работнички, Ламонт Мидлетон пристигна од Кипар, како најдобар стрелец во првенството, Александар Радуловиќ од унгарскиот Сопрон и Рајан Вајт кој прикажал одлични игри во Данското првенство. Тоа значи дека Куманово нема воопшто да има лесна задача во Гевгелија.

    Со победа на оваа тешко гостување, Куманово останува на третата позиција на табелата. Тоа значи дека во Купот на Македонија ја добива „полесната“ страна од ждребката. Првиот натпревар ќе го игра против тимот на Работнички, а доколку победи на тој натпревар полуфинале ќе игра со Карпош Соколи. Минатото коло, Карпош Соколи го забележаа и третиот пораз оваа сезона, што значи дека Куманово има реални шанси да ја нападне втората позиција на табелата, која носи директен пласман во Плеј-оф.

    Доколку загубат на утрешното гостување, Куманово паѓа на петтата позциија и во Купот ќе игра против тимот на Кожув, кој ќе биде и домаќин на завршницата на Купот, а со евентуална победа се сретнуваат со МЗТ Скопје. Во рамките од Прва лига, доколку загуби Куманово би имале три пораза повеќе од Карпош Соколи со што шансите за втората позиција рапидно би се намалиле.

    Натпреварот започнува во 19 часот, а ќе има пренос на следниот стрим.