Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска од 19 часот играат клучен натпревар против дирктниот конкурент, тимот на Фени Индустри.
Поразениот од овие два тима значајно ќе ги загуби шансите за четвртата позиција. Двата тима се со скор две победи и шест порази, а ист скор има и Кожув. Фени Индустри загуби на натпрварот во Куманово во првиот дел од сезоната, а по одличните партии во Купот на Македонија, тимот е во лоша форма и можеби и најголемото разочарување во Супер-лигата.
Куманово по десеткувањето на тимот се обидува да извлече максимум во сите натпреварувања во кои настапува, а голема поволност за тимот е тоа што овој и последниот натпревар од Супер-лигата ги игра на домашен терен.
Натпреварот се игра во Спортската сала и започнува во 19 часот.