Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изминатава ноќ беа одигра десет натпревари во НБА лигата, а победи забележаа двата тима од Лос Анѓелес, Лејкерси беа подобри од Портланд со 113-106 и на осмата позиција на Западот имаат победа повеќе од Јута, додека Клиперси ја совладаа Минесота со 111-95.
Мајами Хит беше подобар од Вашингтон со 103-98, а Сан Антонио загуби дома од Денвер со 96-86.
Мечот на вечерта го одиграа Орландо и Милвоки. Заврши 113-103 за Орландо по продолженијата, а дуелот го одбележа шутерската пресметка со серија промашувања и скокови. Екипите вкупно шутираа 210 пати, а од тоа погодија 90 коша. Тоа повеќе му одговараше на домаќинот во чии редови доминираше тандемот Вучевиќ – Херис.
Коби Брајант забележа сезонски рекорд од 47 поени со осум скока и пет асистенции во победата на Лејкерси во Роуз Гарден. Тимот од ЛА сега е на осмата позиција со победа повеќе од Јута. Од друга страна Портланд ќе го пропушти плеј-офот втора година по ред.
Мајами Хит против Вашингтон настапи без Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Крис Бош, но без оглед на тоа славеше триумф. И не само тоа, туку на мечот се поставени и неколку рекорди како најголем број обиди за три поени (41), 25 загубени топки... Најефикасен кај Мајами беше Реј Ален со 23 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Милвоки 113-103, Кливленд – Детроит 104-111, Филаделфија – Атланта 101-124, Вашингтон – Мајами 98-103, Бостон – Бруклин 93-101, Далас – Феникс 91-102, Сакраменто – Њу Орлеанс 121-110, Портланд – ЛА Лејкерс 106-113, Денвер – Сан Антонио 96-86, ЛА Клиперс – Минесота 111-95.