Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сум учествувал во групи каде што имал еден изразит фаворит, како што е Германија, Италија, Франција..и има слаби екипи кај што се знае кој не е фаворит.
Меѓутоа во нашава група мислам дека нема изразен фаворит, можеби Хрватска малку отскокнува околу пласманот на ФИФА листата и моменталната форма. Од нашата група само Хрватска учествува на Европското првенство, а они се квалификуваа преку плеј-оф. Тоа значи дека нема изразит фаворит. Велшката репрезентација мислам дека во моментот е многу силна, бидејќи имаат 16 играчи што играат во Премиер лига. Нешто што не се случило со Велс долго време. Ги знам уште како младинци и израснаа во една добра група. Од сите групи за квалификации во нашат група е најтешко да избереш кој е фаворит, а кој сигурно испаѓа- изјави селекторот Тошак.