Контролен меч за Европското првенство се игра во Скопје
26.12.2013 13:14
| KumanovoNews
Последна контрола за македонската репрезентација пред заминување на Европското првенство во Данска ќе се одржи на 3-5 јануари 2014 година во Скопје.

Покрај домаќинот Македонија на турнирот ќе учестуваат и Република Србија и Црна Гора.
Репрезентацијата на Македонија на 3ти Јануари за противник ја има екипата на Црна Гора, а на 5ти јануари екипата на Србија.
Гостинските екипи на 4ти јануари ќе се натпреваруваат меѓусебно.
натпреварите започнуваат во 18.30 часот, а ќе се играат во СРЦ "Кале" во Скопје.