Кошакарите денска играат против МЗТ Скопје
02.05.2014 09:19
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово денска гостуваат на актуелниот шампион, екипата на МЗТ Скопје.

Екипата на МЗТ Скопје сеуште нема пораз во Супер-лигашкиот дел од сезоната, забележувајки ги сите шест победи во исто толку натпревари. Куманово во овој меч влегува како третопласирана екипа одкако беа поуспешни од Лирија во последното коло.
Во првиот натпревар помеѓу овие две екипи, тимот на МЗТ Скопје успеја да издвојува победа со резултат 76-77.
Натпреварот започнува во 21 часот.