×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркар од Куманово државен шампион во трискок

    22.07.2014 10:09 | KumanovoNews

    Членот на АК Куманово Дарко Петковски Спејко, стана државен шампион во дисциплина трискок на „Поединечно првенство на Македонија за сениори/сениорки“ кое се оддржа во Скопје на арената „Филип Втори“ оваа сабота.

    Кошаркар од Куманово државен шампион во трискок

    Со најдобар резултат за оваа година во Македонија во трискок, го декласираше минатогодишниот шампион со резултат од 13,04 метри. Петковски очекува повик од селекторот на Македонската пепрезентација за претстојното Балканско првенство кое ке се оддржи во Романија на 26 и 27 Јули.

    Ова е само почеток,најавувам рушење на неколку македонски рекорди наредната сезона.Благодарност до моите клупски колеги а посебна благодарност до тренерот и ментор Филип Колевски и моите родители - изјави Петковски.

    Инаку минатата сезона, тој настапуваше и за кошаркарскиот второлигаш КСК-2013.

    АК Куманово и на оваа првенство покажа дека е заслужено клупски првак на Македонија со вкупно 8 медали, 4 златни 3 сребрени 1 бронзена.