Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово во сабота го играат последниот натпревар оваа сезона на домашен терен, а противник ќе им биде тимот на Кожув.
Куманово сеуште се бори да ја забележи првата победа во Супер лигата, откако во првите осум кола забележа осум порази. После добрите настапи во првиот дел од сезоната, тимот одигра добри натпревари против Гостивар и МЗТ Скопје, меѓутоа финансиските проблеми и службениот пораз против Кожув очигледно го демотивираа тимот кој ја продолжи губитничката серија но со поголема разлика. Сепак доколку се земе впредвид тимот и буџетот на клубот, може да се каже дека изабраниците на Александар Петровиќ имаа добра сезона и пласманот во Суперлигата беше максимумот на оваа екипа.
Наредниот противник на Куманово се наоѓа на петтата позиција на табелата без никакви шанси за Плеј-оф. Натпреварот се игра во сабота со почеток во 18 часот во салата на Економското училиште. Во последното коло, Куманово и гостува на екипата на Блокотехна.
Блокотехна и Гостивар се наоѓаат на третата односно четврттата позиција и ќе се борат за третото место и дуел против Работнички. Работнички делува како подобар противник за Плеј-оф, бидејки се наоѓа во играчка криза а згора на тоа нема домашен терен и игра во разни сали низ Македонија поради забраната за настап во Градски парк. Во последното коло, Работнички својот натпревар го играше во Куманово. Блокотехна во последните два натпревари ќе игра против Работнички и Куманово, а Гостивар се среќава со МЗТ Скопје и Кожув. За сите комбинации да бидат целосни, треба да се напомене дека Блокотехна има подобар меѓусебен дуел со тимот на Гостивар.
МЗТ Скопје е лидер на табелата и само теоретски може да го загуби првото место до крајот на Суперлига. Тоа ќе се случи доколку загуби на двата натпревари до крај против Гостивар и Работнички, а вечното дерби заврши со над 22 поени предност.
Конечната табела може да биде позната и по оваа коло, доколку фаворитите ја оправдаат својата улога.