Мени

Кошаркарите го пречекуваат Пелистер

01.03.2013 11:58 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово утре во 19 часот во Спортската сала во Куманово ја пречекуваат екипата на Пелистер од Битола.

Кошаркарите го пречекуваат Пелистер

Ова е трет во низа натпревар на домашен терен за кошаркарите, кои имаат можност да ја забележат и третата победа против најслабиот претставник во првенството.

Пелистер Спорт има забележано само една победа во досегашниот дел од првенството и тоа против екипата на Вардар.