Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово во сабота во 19ч.го продолжуваат натпреварувањето во првата македонска кошаркарска лига. Во Спортската сала во Куманово пристигнува должникот АБА Струмица, па кумановчани очекуваат позитивен резултат.
Екипата на Куманово успеја да ја пополни дупката по заминувањето на Јелисијевиќ доведувајки го младиот Урош Луковиќ на центарската позиција. Поголемо прашање во овој миг е тоа дали Филип Брукс конечно се вклопи во екипата и конечно може да го даде својот максимум против својот поранешен клуб.
Куманово се наоѓа во поволна позиција играјки против двата директни конкуренти за пласман во Супер лигата. Победа утре над Струмица, а во среда против Вардар ни носи сигурен пласман во најелитнотно македонско кошаркарско друштво.