×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите ја започнаа сезоната со пораз

    10.10.2022 11:38 | Стефан Николиќ

    Кошаркарите на Куманово загубија во првиот натпревар оваа сезона од тимот на Чаир 2030 со резултат 79-87.

    Кошаркарите ја започнаа сезоната со пораз

    Екипата на Владимир Мирковски имаше држеше резултатска неизвесност до средината на вториот период. После честата промена на водство, Чаир успеја да направи двоцифрена предност. 
    Разликата беше намалена до полувремето, и во третиот период, Куманово нападна и стигна до нерешен резултат, но до крај не можеше да направи предност во своја корист. Гостите повторно дојдоа до двоцифрена разлика, а во последниот период не ја испуштија минималната предност која ја имаа. Конечен резултат на мечот беше 79-87.

    Даниел Нацевски и Душан Јузбашиќ постигнаа по 17 поени за Куманово. Кај гостите Дерил Стротер постигна 27 поена.

    Во останатите натпревари од првото коло беа постигнати следните резултати:

    Академија ФМП 79-75 Кожув 
    Гостивар 91-79 Пелистер
    Струмица 84-95 Еуро Никел
    ТФТ 60-74 МЗТ Скопје
    Работнички 64-75 Феникс 2010

    Во следното коло Куманово му гостува на Еуро Никел.