Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Куманово денеска во 18 часот го пречекува тимот на Академија ФМП, против кој ќе се обиде да ја забележи петтата победа во низа.
Фото: www.balkanleague.net
Работнички и вториот тим на МЗТ Скопје во првиот дел од сезоната, Кожув и Ангели во плеј-аут се тимовите против кои Куманово ја гради оваа низа победи, а денешниот противник е најголемиот трагичар оваа сезона. Тимот кој беше на третата позиција на табелата не успеја да се пререгистрира во акционерско друштво, и со тоа ја загуби можноста да настапува во Супер-лигата, а со тоа остана и без половина екипа, а тие играчи ги потполнија составите на тимовите кои се пласираа меѓу најдобите шест.
Ова закаснето будење на кошаркарите сепак овозможи комоција на Куманово од пет победи во однос на последнопласираните МЗТ и Ангели, и шансите тимот да се најде во зоната за испаѓање веќе стануваат само теоретски.
Натпрварот ќе се игра во салата на економското училиште.