Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“, компанија „Моцарт“ обезбеди спортска опрема во повеќе од 40 спортски мали спортски колективи во државата.
Помеѓу нив се најде и кошаркарскиот клуб од Куманово. Спортска опрема ќе добијат клубови кои тренираат: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други. Опфатени се различни категории, од јуниори до сениори, од клубови кои играат рекреативно до клубови кои се натпреваруваат во некоја професионална лига.
Клубовите изразија благодарност за донациите кои пристигнуваат на нивната адреса и се од голема важност за мотивацијата на младите играчи при остварување на своите цели.
Од менаџментот на компанијата посочија дека оваа кампања има за цел да ги поддржат локалните спортски клубови и да допринесат во развојот на домашниот спорт.