Мени

Кошаркарите на Куманово ги пречекуваат Карпош Соколи

15.11.2013 15:58 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово во сабота во 19 часот ја пречекуваат екипата на Карпош Соколи од Скопје.

Кошаркарите на Куманово ги пречекуваат Карпош Соколи

Екипата на Карпош Соколи оваа година се пласираше во Прва лига и досега има остварено само една победа и тоа против екипата на Вардар Апаве.

Куманово е во победничка серија, и утре се очекува нова победа за подобрување на пласманот на табелата.

Натпреварот ќе се игра во Спортската сала со почеток во 19 часот.